Актерката Никол Кидман (57) неодамна откри дека често се буди во солзи размислувајќи за смртноста. Имено, 57-годишната актерка позираше за магазинот GQ и проговори за тоа колку нејзиниот живот се променил во 50-тите.
„Смртност и поврзаност. Животот доаѓа и те погодува. Загубата на родителите, одгледувањето на децата, бракот и сите тие работи ме чинат исклучително емотивна личност. Таков е животот. Дефинитивно патување, и те погодува како старееш. Тоа се оние буидења наутро во три часот, кога плачеш и дишиш длабоко“, рече таа.
Таа раскажа како губењето на нејзините родители и воспитувањето на децата го промениле нејзиниот поглед на животот.
„Постои овој аспект на смртноста со кој е тешко да се справите. Кога воспитувате деца, велите: „Морам да останам жив. Сакам да го видам сето ова“. Многу е тешко, но во исто време убаво и извонредно“, додаде таа.
Инаку, нејзината мајка Жанел почина годинава во септември на 84-годишна возраст.