epa11467949 Jannik Sinner (L) of Italy and Daniil Medvedev (R) of Russia pose at the net for a photo before their Men's quarterfinal match at the Wimbledon Championships, Wimbledon, Britain, 09 July 2024. EPA-EFE/NEIL HALL EDITORIAL USE ONLY

Ако некој го платил цехот за напредокот на Јаник Синер, тоа е Данил Медведев. Русинот ги доби првите шест меча против Италијанецот, а потоа загуби осум од следните девет. Интересно е што Дарен Кејхил, тренерот на најдобриот тенисер во светот, неодамна изјави дека прва цел им била да ја прекинат таа црна серија против Медведев.

– Тешко е да се каже што смени. Кога го победив, играше добро, но беше во првите 15 или 20-мина. Потоа најде нешто против мене, но не само против мене – објасни Данил.

Ниту Новак Ѓоковиќ не помина подобро. Ги доби првите три меча, а потоа загуби четири од пет.

– Јаник речиси веќе не губи. Дали одеднаш најде тактика за секој ривал одделно? Се сомневам во тоа. Едноставно почна да игра подобро, да сервира подобро. Стана многу тешко да се „скрши“. Тој игра подобро отпорано, и против мене и против сите други – изјави Медведев за светскиот тениски рекет број еден.

Русинот моментално е десетти во светот, му се заканува опасност да испадне од првите десетмина по мастерсот во Мадрид, но има со што да се пофали. Вели дека одамна ги надминал очекувањата.

– Кога имав 14, 18 или 21 година, играв пристојно, но не верувам дека постоеше човек на овој свет што веруваше дека ќе освојам грен-слем и дека ќе бидам прв во светот – вели тој.

Медведев одигра дури шест грен-слем финалиња, по три во Мелбурн и во Њујорк. Тој освои само едно, а тоа беше она во 2021 година. Тогаш Ѓоковиќ имаше шанса да го освои грен-слемот, сите четири големи титули во иста година.

Вели дека е во одлична форма иако загуби многу лесно од Де Миноро, пред две недели, во Монте Карло, со 6:2, 6:2.

– Имав труење со храна и не тренирав пет дена. Сега сè е во ред. Имав многу проблеми оваа година – труење во Доха, повреда на грбот во Мајами, но сега повторно сум блиску до 100 проценти.

На прашањето дали тенисот е шах во движење или, можеби, повеќе е сличен на покерот, Медведев има свое мислење.

– Не е како покерот, бидејќи покерот бара многу среќа. Не е ниту како шахот, затоа што одлучува за многу ситници. Мене тенисот ми е сличен на фудбалот. Таму едната екипа игра подобро, другата нафрлува центар, дава гол и победува. Во тенисот, едниот игра подобро, другиот прави брејк и сè се менува.

ИЗДВОЕНИ