„Никој тоа не го прави како таа“: Ријана остава без здив во празничната кампања/ФОТО

149
Фото: X

Ријана уште еднаш ги воодушеви своите верни фанови. Откако блесна на British Fashion Awards, таа сега ја подигна границата уште повисоко – појавувајќи се во новата кампања за нејзината колекција Savage X Fenty.

Во кампањата за колекцијата Starlet Nights, Ријана носи градник, корсет, гаќички и чорапи од колекцијата во топла кафена нијанса наречена „Rum Wine Brown“.
Сè изгледа гламурозно и заводливо, токму во нејзин стил.

Оваа колекција комбинира класични кроеви на долна облека со тантела и блескави детали и е дел од пошироката празнична понуда која вклучува и колекции како On the Prowl, Viva La Diva и Chain Reactions.

Реакциите на обожавателите се повеќе од позитивни. Коментари доаѓаат од сите страни:

„Таа е толку секси“, „Јас сум без зборови“, „Никој тоа не го прави како таа“, „Проклето добро“, се само некои од нив.