
Данскиот интернационалец, Кристијан Ериксен, јавно го објави своето заминување од редовите на најтрофејниот клуб во англиската Премиер лига, Манчестер Јунајтед.
Имено, тој моментално е на собирот на данската фудбалска репрезентација, а таму на прес-конференцијата отворено проговори за тоа дека ќе го напушти „Олд Трафорд“.
„Мојот договор истекува летово и подготвен сум да барам нешто ново. Тоа ми одговара во овој момент“, започна Ериксен и додаде:
„Никој не ме контактирал за продолжување на договорот. Затоа претпоставувам дека соработката завршува, барем јас така толкувам“.
Многу љубители на најважното споредно нешто на светот се сеќаваат на Ериксен по трагичниот меч меѓу Данска и Финска.
Ериксен колабираше на теренот бидејќи доби срцев удар, а благодарение на одличната и брза реакција на лекарите успеале да му го спасат животот.
Неговата рехабилитација траеше извесно време, но на крајот, за среќа, се заврши успешно и Ериксен го преживеа срцев удар.
Лекарите му вградиле дефибрилатор и по осум месеци се врати на зелениот терен.
Бидејќи правилата во Италија се дека играчите со дефибрилатор не можат да играат, играчот од средниот ред беше принуден да ги напушти редовите на калчо гигантот Интер.
Во февруари 2022 година Данецор потпиша за Брентфорд, а шест месеци подоцна премина во Манчестер Јунајтед каде потпиша двегодишен договор.
Досега одигра 99 натпревари во дресот на „црвените ѓаволи“ и постигна седум гола. Исто така, новинарите се интересираа каде би сакал да ја продолжи кариерата по „Олд Трафорд“.
“Ќе чекам. Сè уште е рано и сакам да видам какви понуди ќе добијам. Нема да донесам избрзана одлука, но ако се укаже вистинската можност, сакам да ја искористам. Не сум обврзан да останам во Англија”, изјави Ериксен.