Екипата на Реал Мадрид важи за еден од најуспешните тимови во светот, било да е фудбал, било да е кошарка. Овој пат фокусот ќе го насочиме кон кошарката, каде што тимот покажа фантастичен начин на водење бизнис, поради што се истакнуваат во Евролигата.
Одамна е познато дека данокот во Шпанија е многу висок (некаде околу 50%) и дека тоа им го отежнува бизнисот на клубовите, па им требаат неспоредливо повеќе пари од другите конкуренти.
Честопати сме слушале приказни за финансиските проблеми на кошаркарите и фудбалерите од Реал Мадрид и Барселона додека трибините се полни, се продаваат дресови, а постојано се потпишуваат големи трансфери.
Сега имаме малку поинаква приказна: Реал Мадрид во последните десет години заработил повеќе од 20 милиони евра од обесштетувањето на играчи, кои заминале во НБА лигата.
Да се вратиме само во 2014 година, кога Никола Миротиќ од Реал Мадрид замина во Чикаго Булс, а мадридскиот клуб инкасира 2,5 милиони евра.
Во 2016 година, Серхио Родригез се врати во НБА и потпиша договор со Филаделфија Севенти-шескерс со обесштетување на Реал од околу три милиони евра.
Кога Лука Дончиќ замина во НБА лигата, односно во Далас Маверикс, Реал Мадрид профитираше и ја наполни касата со нови два милиони евра.
Најмногу се исплатеше заминувањето на Факундо Кампацо во НБА, бидејќи Реал доби околу шест милиони евра.
За Габриел Дек при заминувањето во Оклахома добија 1,3 милиони евра, додека за Усман Гаруба и заминувањето во Хјустон заработи три милиони.
Последниот на листата е Гершон Јабуселе кој замина во Филаделфија, а 2,5 милиони евра легнаа на сметката на Реал.
Real Madrid & NBA buyouts, a love story.
Mirotic (2014): 2,5 mln
Rodriguez (2016): 3 mln
Doncic (2018): 2 mln
Campazzo (2020): 6 mln
Deck (2021): 1,3 mln
Garuba (2021): 3 mln
Yabusele (2024): 2,5 mln20,3 mln in 10 years, almost 2 per season. Masterclass. pic.twitter.com/gD5N2zKF1a
— Marco Pagliariccio (@loupaya) August 18, 2024
Секако, НБА тимовите не го платија сето ова бидејќи има ограничувања за тоа колку можат да платат и се што е над тие граници го покрива самиот играч.