Тина Ноулс имаше побрутален одговор од кога било за оние кои ја нападнаа нејзината ќерка Бијонсе по неодамнешниот концерт во Хјустон. Таа настапи на полувремето од НФЛ натпреварот помеѓу Хјустон Тексанс и Балтимор Равенс.
Настапот се емитуваше во живо на Нетфликс, токму на време за Божиќ.
Многумина ја критикуваа ѕвездата поради гестикулациите со рацете.
За време на настапот, Бијонсе, всушност, во неколку наврати ја ставаше раката како да пука со пиштол.
На пример, НФЛ не го поддржува тој потег и редовно ги казнува играчите ако така слават победа или гол.
Thanks for having us over, Beyoncé #BeyonceBowl pic.twitter.com/pAeyObB3d4
— Netflix (@netflix) December 28, 2024
Тина, сепак, смета дека критичарите овојпат претерале.
„За мене е запрепастувачко што на скапоцениот Божиќ ќе гледате изведба на некој што го мразите и мислите дека нема талент – за да можете да зборувате за него. Очигледно сте толку опседнати со неа, зависни. И потајно и се восхитувате, посакувате да бидете таа. Бидејќи не можете, критикувате и коментирате и кажувате глупави смешни работи“, напиша Тина во објавата на својот Инстаграм профил.
Таа имаше предлог за критичарите.
„Гледајте глупави цртани филмови или кловнови, нешто со кое можете да се поврзете и да се видите себе си. Кажано со љубов“, додаде Тина.