Марко Гргиќ беше дел од германската ракометна репрезентација на Светското првенство и со неа стигна до четвртфиналето каде беше елиминирана од Португалија. Медиумите во регионот се интересираа зошто Гргиќ не настапува за Хрватска, за која неговиот татко Даниел, роден во Травник, одигра 26 натпревари. Марко, кој е роден во Германија, со својата изјава „запали оган“ во соседството.
-Не се сеќавам да прашале за мене во Хрватска. И претходно кажав дека отсекогаш сум сакал да играм само за Германија. Не зборувам ни хрватски, пораснав во Германија и се чувствувам како да припаѓам овде. Тоа беше едноставна одлука – изјави Гргиќ.