Нијагарините водопади и кулата Си-Ен во Торонто, ќе бидат осветлени во црвено-жолто како македонското знаме, во знак на почит кон жртвите од трагедијата во ноќниот клуб во Кочани, при што загинаа 59 лица.
Оваа церемонија ја организираа македонските активисти во Канада, предводени од Јордан Битове и Македонската дијаспора во Канада.
Нијагарините водопади ќе светнат вечерва во 21:00 часот по локално време (околу 02:00 часот по македонско време).
Voir cette publication sur Instagram