Нигерија: Бројот на настрадани за време на два божиќни хуманитарни настани во Нигерија се зголеми на 32

40
created by dji camera

Бројот на загинати за време на два божиќни хуманитарни настани во Нигерија се зголеми од 13 на 32, соопшти денеска полицијата.

Жртвите, вклучително и најмалку четири деца, колабираа за време на налетот на луѓе очајни за бесплатна храна додека земјата се бори со својата најголема криза во последните децении.

Меѓу загинатите има 22 лица во градот Окија во југоисточната држава Анамбра, каде богат добротвор организираше дистрибуција на храна во саботата.

Десет други загинаа во главниот град Абуџа, за време на сличен хуманитарен настан организиран од црквата.

Полицијата соопшти дека ги истражува двата инциденти.

Очевидци на стампедото во Абуџа изјавија за Асошиетед прес дека избувнало на една од портите на црквата, додека десетици се обиделе да влезат во просториите околу 4 часот наутро, неколку часа пред да бидат поделени подароците. Некои од нив, меѓу кои и голем број стари лица, цела ноќ чекаа да добијат храна.

Во Нигерија, која е најнаселената земја во Африка, во последно време се повеќе организации, цркви и поединци организираат добротворни настани во пресрет на Божиќ за да ги ублажат економските тешкотии предизвикани од високите трошоци за живот.