Повеќе од една недела трае сагата околу евентуалниот трансфер на Нико Вилијамс во каталонскиот гигант Барселона. Тој би можел да го игнорира интересот на Барселона и да остане уште една сезона во Атлетик Билбао, пишуваат шпанските медиуми.

Каталонците неодамна доставија конкретен предлог, чекаат офанзивниот фудбалер да ја прифати понудата, но потоа „прсти“ замеша и ПСЖ, кој даде многу подобра понуда.

Како што пишува „Спорт“, Нико Вилијамс би можел да донесе изненадувачка одлука и да остане уште една сезона во Атлетик Билбао, каде што, заедно со својот брат Инаки, ќе игра во Европа лигата, нареднава сезона.