На сите им е јасно дека ММА е еден од најопасните спортови во светот, а тоа го покажа и настанот „УФЦ 306“, кој се одржа во Лас Вегас, во текот на изминатиот викенд. Заедно со мечот меѓу Мераб Двалишвили и Шон О’Мали, каде што победи Грузиецот, освојувајќи ја титулата во бантам категорија, можеби најмногу внимание привлече женската борба во таа категорија.

За шампионскиот појас во бантам категорија се бореа Бразилката Карол Роуз (29) и Мексиканката Ајрене Алдана (36), а сето тоа заврши со страшна повреда. Мексиканката заработи огромна исеченица на челото, која ги згрози и најверните љубители на овој спорт. Не е тешко да се погоди дека победи Карол Роуз со едногласна одлука на судиите, а фотографии и видеа од страшната повреда на Мексиканката сподели дури и првиот човек на УФЦ, Дејна Вајт.

Инаку, ова ѝ беше 23. борба на Мексиканката во УФЦ, и досега има биланс од 15 победи и осум порази.