Ни гинат работници на (не)безбедни градилишта

Триесет и петгодишен работник од Бангладеш загинал додека извршувал работни задачи во кратовското село Кетеново. Тој заглавил во машина за правење бетон. Ова е последниот случај на регистрирани несреќи, во последните неколку месеци што се случиле, пред сè на градежни работници. Само лани, во декември, во рок од една недела имаше двајца повредени работници на изградба на пат. Според последните достапни податоци на Македонското здружение за заштита при работа, во 2023 година имало вкупно 93 несреќи при работа, од кои 15 потешки несреќи на работното место со фатални последици, од кои седум во градежништвото. Податоците од Државниот инспекторат за труд говорат дека во 2023 година имало 2.237 повредени вработени, што значи дека сме имале 323 повредени вработени на секои 100.000 вработени. Во првото полугодие од 2024 година (сè уште нема податоци за второто полугодие), Инспекторатот извршил  вкупно 11.510 инспекциски надзори од кои 2.586 редовни 2,734 контролни и 6.190 вонредни. Во овој шестмесечен извештај јануари – јуни 2024 година имало евидентирано вкупно 2.622 неправилности

104

Триесет и петгодишен работник од Бангладеш загинал додека извршувал работни задачи во кратовското село Кетеново. Тој заглавил во машина за правење бетон. Ова е последниот случај на регистрирани несреќи во последните неколку месеци што се случиле, пред сè на градежни работници. Само лани, во декември, во рок од една недела имаше двајца повредени работници на изградба на пат.

Според последните достапни податоци на Македонското здружение за заштита при работа, во 2023 година имало вкупно 93 несреќи при работа, од кои 15 потешки несреќи на работното место со фатални последици, од кои седум во градежништвото.

– Стапката на смртни случаи при работа во Македонија изнесува 2,16 односно на секои 100.000 вработени, двајца вработени загинале на работното место во 2023 година. Оваа стапка на смртност е во благ пад споредбено со 2022 година, кога изнесувала 3,17. Кога, пак, како параметар ќе се земат повредите при работа, тогаш стапката на повреди при работа за 2023 година изнесува 13,42, што покажува дека на секои 100.000 вработени, потешко се повредуваат околу 13 до 14 вработени. Споредбено со 2022 година, кога стапката на повреди при работа изнесувала 21,21, стапката на повреди за 2023 е во пад – велат од Македонското здружение за заштита при работа.

Податоците од Државниот инспекторат за труд говорат дека во 2023 година имало 2.237 повредени вработени, што значи дека сме имале 323 повредени вработени на секои 100.000 вработени. На веб-страницата на Државниот инспекторат за труд има податоци дека во првото полугодие од 2024 година (сè уште нема податоци за второто полугодие) биле извршени вкупно 11,510 инспекциски надзори од кои 2.586 редовни 2,734 контролни и 6.190 вонредни. Во овој шест месечен извештај јануари – јуни 2024 година имало евидентирано вкупно 2.622 неправилности.

Како најчесто таргетирани причини што доведуваат до несреќи на работа се невниманието на работниците, неносењето заштитна опрема и средства при работа, неодговорниот однос на работодавачите и раководниот кадар во доследната примена на прописите од областа на безбедноста и здравјето при работа, неизвршената проценка на ризик, необученоста на работниците за безбедна работа, неизвршените здравствени прегледи на вработените, необезбедувањето на безбеден работен простор…

Несреќите при работа може да се спречат, но од суштинско значење е да се научат лекциите како до нив да не дојде. Од Секцијата на млади при Синдикатот за градежништво, индустрија и проектирање (СГИП) прашуваат: уште колку работници треба да загинат на своите работни места за да се освестат газдите и властите? Оттаму посочуваат дека голема е бројката и на повреди на годишно ниво.

– До кога обуките за безбедност и здравје при работи ќе им бидат скапи и дали чинат повеќе од еден живот на работник? До кога нема да се обезбедува лична заштитна опрема и до кога ќе се подмитува системот преку некои што треба да го спроведуваат законот – прашуваат од Секцијата на млади при СГИП.

Според Меѓународната Организација на Труд, 4% од БДП во сиромашните земји оди во компензација на повредите на работниците. Споредено со Македонија, директните загуби што ги трпи државата се над 400 милион евра, фрапантна бројка, којашто нашата кревка економија не смее и не може да си ја дозволи.

(С.Бл.)

ИЗДВОЕНИ