Самиот почеток од април во Македонија ни носи продор на поладен воздух од север, а врнежите ќе продолжат. Во ваква ситуација, на планинските места врнежите од дожд ќе преминат во врнежи од снег, а сето ова ќе биде проследено со северен ветер и со позначителен пад на температурите.
Не се исклучува можноста во почетокот на април снежната граница да се спушти и под 1000 метри надморска височина, па така провејување на снег можно е да имаме и во повисоките населени места во западните и во северните предели од Македонија, пишува Метеоаларм.
На метеоролошката карта можете да ја видите очекуваната снежна покривка во Македонија на самиот почеток на април, па така може да се види дека позначителна снежна покривка ќе се формира на планинските места и скијачките центри.
Исто така, април оваа година ни носи можност и за нова појава на мразеви во утринските часови.