Ѕвездата на НХЛ и тимот Мајами Делфинс, Тајрик Хил, стана татко по петти пат во една година, и тоа со пет различни жени!
Изгледа нереално, но тоа е вистината. Очигледно игра американски фудбал, но и „штанца“ деца. Тоа прави Тајрик во животот. Има најмалку осум деца, колку што знае јавноста, а за сите плаќа алиментација, веројатно не ни знае колку. Работата да биде уште полоша, американските медиуми шпекулираат дека тој всушност има дури 11, а некои тврдат дека можеби дури и 13 деца.
Конечно, сопругата на Хил, Кита Вакаро, го роди нивното прво дете, девојче по име Капри. Таа на Инстаграм сподели видео од породувањето, а на Хил не му беше лесно, се гледа дека е нервозен, без кошула, слаб, додека ја бодри сопругата.
Хил оваа година веројатно беше почесто на суд отколку на теренот. Во мај, тој се најде во центарот поради тужбата за татковство, откако мајката на неговото дете, Кимберли Кајли Бејкер, го обвини дека плаќа премалку алиментација, само 2.500 долари месечно, која бараше најмалку 10.000 долари. Во март, Камил Валмон го роди Тајрик Дешон Хил Џуниор, додека другите жени кои исто така му родиле деца на Хил оваа година сакале да останат анонимни.
Ова не е сè. Хил има три деца со поранешната свршеница Кристал Еспинал, на која и плаќа 13.500 долари месечно за алиментација. Тие се разделија затоа што Хил му ја скрши раката на нивниот тригодишен син во 2019 година. Неодамна го прашале колку деца има, а сите ги шокирал кога рекол дека тоа не го интересира.
Јасно е и зошто, Хил моментално заработува 18,2 милиони долари годишно и може да ги издржува децата. Оваа година тој потпиша нов тригодишен договор вреден 90 милиони долари, па никого нема да изненади доколку во наредните денови се појави уште некое негово дете.
Исто така, навивачите веднаш забележаа дека Хил се уште го носи дресот на Канзас Сити Чифс, тимот за кој настапуваше пред две години, а кој го напушти и по шест сезони се пресели во Мајами. Изгледа дека Чифсиs сè уште имаат посебно место во неговото срце, а навивачите на Мајами секако не се среќни поради ова.