Независниот студентски сојуз го откажува собирот за утре пред платото на УКИМ поради политичко влијание

53

Независниот студентски сојуз во соопштение вели дека „е огорчен и разочаран од политички влијанија и мешање во нашите искрени и чесни намери“.

Во соопштението се вели:

„Денес сведочиме за видео материјал со кој се потврдува политичката вмешаност. Огромна група на студенти е жртва на обид за манипулација и тоа не сакаме да го дозволиме.

Поради тоа нашиот собир закажан за утре во 13 часот пред платото на УКИМ се откажува, додека целосно не ги дистанцираме обидите за политичко влијание.

За дополнителни чекори ќе ве известиме во наредниот период.

Повторно апелираме партиите да стојат на страна од искрените и чесни намери на студентите за нивно организирање“.

ИЗДВОЕНИ