Незапамтено невреме во Грција: Драматично е на Парос и Миконос, се стравува за Санторини/ВИДЕО

3144

Незапаметено невреме денеска ги погоди грчките острови од групата Киклади, носејќи град, силни ветришта и врнежи кои носеа сè на патот. Драматични слики пристигнуваат од Парос, Миконос, Миос и Сирос, кои се најзагрозени бидејќи морето и локалните реки се излеаја, а градските улици се целосно непроодни.

Големото количество вода што паѓаше неколку пати во текот на денот однесе автомобили, делови од патот и уништи плажи, ресторани и кафулиња покрај брегот.

Предупредувачкиот сигнал над бројот 112 се огласи неколку пати, предупредувајќи ги жителите да не ги напуштаат своите домови бидејќи силата на водата што тече низ тесните улички на Парос и Миконос била толку силна што откорнала столбови, контејнери, а паркираните автомобили се претвориле во купишта железо.

Секое движење на возила е забрането, а војската и полицијата се во подготвеност, а се очекува да бидат префрлени на овие острови за да му помогнат на населението.

Во текот на ноќта се очекуваат нови обилни врнежи, па сите градски спасувачки служби се во состојба на готовност. Метеоролозите се надеваат дека дождот и ветерот нема да го зафатат Санторини со иста сила, што, како што велат, би било исклучително опасно по серијата земјотреси и одрони.

Невремето ја зафати и Евија и делови од Пелопонез, а се очекува во текот на ноќта и денеска да се прошири и на јужните острови, дури до Родос и Крит.

ИЗДВОЕНИ