НЕЗАПАМТЕНА ТРАГЕДИЈА ВО НОВИ САД: Родители и четири деца настрадаа во пожар во нивната куќа/ФОТО

213
Фото: printscreen Tanjug

Шестчлено семејство загина во пожар што избувна утринава околу три часот во Нови Сад.

Маја С.(23), Данијел А.(29) и нивните четири деца на две, четири, пет и седум години загинаа во голем пожар што избувнал во нивната куќа во населбата Салајка во Нови Сад.

Се сомнева дека пожарот го предизвикал скутер кој бил приклучен на електричната мрежа.

Српскиот вицепремиер и министер за внатрешни работи Ивица Дачиќ изјави дека во пожарот загинале шест лица – родители и четири деца.

„Телата на жртвите се пренесени во Центарот за судска медицина, а припадниците на МВР интензивно работат на утврдување на сите околности на овој трагичен настан“, рече министерот.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by 192.RS (@192_rs)

На терен се полицијата, пожарникарите и брзата помош. Полициската истрага е во тек. Според првичните информации, се сомнева дека пожарот избувнал поради електрични инсталации, односно електричен велосипед кој бил на полнач.

„Видов дека гори. Почнав да ги довикувам, но не ме слушнаа“, изјави за Телеграф првиот сосед на семејството кое изгоре во пожарот.