Поранешниот српски ракометен репрезентативец Никола Манојловиќ, направи шокантна исповед во јавноста.  Имено, селекторот на ракометната репрезентација на Србија и Црна Гора побарал играчите да дозволат Хрватска да ги победи на Европското првенство во 2006 во Швајцарија.

За српската репрезентација тој натпревар немаше натпреварувачко значење, додека на ривалите им беше потребна победа за пласман во следната фаза, па Хрватска победи со 34:30.

– Јас, Никола Манојловиќ, кој не сум член на ниту една политичка организација, самостојно, со целосна одговорност потврдувам дека тогашниот селектор Веселин Вујовиќ ни предложил на играчите пред натпреварот да го пуштиме противникот. Бидејќи лицето е важна работа за некои од нас, напиша легендарниот ас на социјалните мрежи.

Наводно, играчите одбиле да ги послушаат „советите“ на тренерот, но она што се случило во салата, во Сент Гален, останува голема мистерија.

ИЗДВОЕНИ