Незаменлива на празничната трпеза: Руска салата со говедско месо

250

Ова е најлесниот рецепт за познатата руска салата, а најдобро од се е што не вклучува многу сечкање и печење или готвење многу зеленчук. Денеска ви предлагаме да го пробате ова со говедско месо.

Состојки:

200 гр говедско месо
2 компири
7 јајца
4-5 кисели краставички
100 гр грашок
мајонез

Подготовка:

Сварете го месото (говедското), а кога ќе се олади, ситно исечкајте го. Компирите убаво измијте ги и завиткајте ги со сите кори во алуминиумска фолија, па печете во рерна на 200°C. Готовиот компир оставете го да се излади, а потоа извадете ја кората и исечкајте. Сварете ги јајцата и исто така исечкајте ги, како и кисели краставички.

Во сад измешајте го исечканото месо, јајцата, компирот и киселите краставички, па додадете го сварениот грашок (конзервирана). Зачинете со сол и бибер, а потоа додадете мајонез и сè добро измешајте. Ако сакате, додадете моркови во салатата, но без него е многу повкусна.

Најдете 2 тркалезни форми со различни големини, а потоа ставете ја поголемата на плех и истурете ја руската салата. Израмнете, па одозгора ставете помал калап и прелијте го остатокот од руската салата. Извадете го прстенот и салатата е готова. Можете дополнително да го декорирате со сечкан магдонос.

ИЗДВОЕНИ