Незадоволен клиент со џип влета во салон за автомобили во Лос Анџелес: Осуммина повредени, двајца во тешка состојба

67
Foto: Printscren/X

Осум лица се повредени во саботата кога возач влетал со џип во застапништво за половни автомобили „КарМакс“ во Инглвуд, предградие на Лос Анџелес.

– Две лица се здобија со сериозни повреди, а шест полесни – изјави Џонатан Торес, портпарол на противпожарната служба на округот Лос Анџелес, пренесува АП.

На видеото од оваа сообраќајна несреќа објавено на социјалните мрежи се гледа како теренско возило удира и влетува во зграда, од која потоа излегува вработениот. Возачот потоа направил пресврт во холот на продавницата „КарМакс“ и излегол од автомобилот на спротивниот крај на зградата.

Раководството на продавницата рече дека возачот кој потоа бил уапсен, бил клиент.

– Им благодариме на надлежните за брзата реакција на овој страшен настан – соопштија од компанијата.

Инглвуд е мал град кој се наоѓа на околу 16 километри југозападно од центарот на Лос Анџелес.

ИЗДВОЕНИ