Во Англија се реализирани уште три трансфери, а во сите нив е вклучен тимот на Њукасл. Овој клуб ќе инкасира околу 80 милиони евра.

Јанкуба Минтех е 19-годишно крило од Гамбија, за кого авантурата во Њукасл заврши. Ова момче минатата сезона ја мина на позајмица во Феенорд, а на 27 натпревари за холандскиот гигант постигна 10 гола и запиша шест асистенции.

Њукасл го продаде на Брајтон и цената на трансферот изнесува 38,8 милиони евра.

Од тимот си замина и Елиот Андерсон, кого Њукасл го продаде на Нотингем Форест за 41,2 милиони евра. Овој 21-годишен играч за врска е дете на Њукасл, а досега беше позајмен во Бристол Роверс и настапуваше за помладите селекции на Њукасл.

За разлика од заминувањата, во тимот пристигна Одисеј Влаходимос. Новиот голман на „свраките“ пристигнува од Нотингем, но засега не се знае колку ќе му платат Страчките.