Невообичаена несреќа се случила на гробиштата во Врање, кога таксист донел на гробиштата жена (78) која се движела со помош на бастун и ја оставил пред црквата кај гробиштата.
Кога старицата излегла, возачот тргнал наназад со автомобилот, без да ја забележи жената.
Откако ја удрил со автомобилот, жената паднала и се здобила со скршеница на бутната коска.
Според информации, против таксистот ќе биде поднесена кривична пријава за тешки кривични дела против општата безбедност.