EPA-EFE/OLIVIER MATTHYS

Целосен хаос настана викендов, во најбрзиот циркус на денешницата – Формула 1. Љубителите на овој спорт можеа да уживаат во уште една возбудлива трка, која на крајот му припадна на седумкратниот шампион, Луис Хамилтон, иако победи неговиот тимски колега од Мерцедес, Џорџ Расел.

Британецот ја заврши трката на второто место, но по трката беше прогласен за победник. Сето тоа затоа што Џорџ Расел, кој првично го прослави успехот, беше дисквалификуван. Тој ги прекрши правилата на мерење на болидот.

По трката, беше откриено дека неговиот болид ја нема пропишаната тежина, туку еден и пол килограм помалку.

  • Срцето ми е скршено. Дисквалификуван сум. Оставивме сè на патеката. Горд сум на фактот што прв ја минав целта. Ќе има уште многу работа до крајот на сезоната – изјави Расел на социјалните мрежи.

Во Мерцедес не се целосно задоволни, бидејќи нивниот друг возач, Хамилтон, славеше на крајот.

  • Оваа дисквалификација е шлаканица. Направивме голема грешка и мораме да се погрижиме да научиме од неа. Ќе се обидеме да разбереме што тргна наопаку. Ги загубивме првите две места и можеме само да му се извиниме на Џорџ. Можеме да извлечеме многу позитивни работи од дисквалификацијата – изјави Тото Волф, шефот на Мерцедес.