Во Соединетите американски држави, дневната и речиси секојдневната употреба на марихуана е позастапена од сличните нивоа на консумирање алкохол, според анализата на националните податоци собрани во текот на четири децении.
Авторот на студијата Џонатан Колкинс од Универзитетот Карнеги Мелон Хајнц во Питсбург рече дека консумацијата на алкохол е сè уште почеста, но дека во 2022 година, тешката употреба на марихуана за прв пат ја надминала честата потрошувачка на алкохолни пијалоци.
„Добри 40 проценти од оние кои користат канабис го прават тоа секојдневно или речиси секојдневно, тренд кој е поблизок поврзан со употребата на тутун отколку со редовното консумирање алкохол“, вели Колкинс.
Истражувањето, засновано на податоците од Националното истражување за употребата на дроги и здравје, беше објавено во списанието Addiction. Истражувањето е високо ценет извор на проценки за употребата на тутун, алкохол и дрога во САД.
Пред две години, околу 17,7 милиони луѓе користеле марихуана дневно или речиси секојдневно, во споредба со 14,7 милиони кои пиеле алкохол со иста стапка, според студијата.
Стапката по глава на жител на дневна или речиси секојдневна употреба на марихуана се зголеми за 15 пати од 1992 до 2022 година.