Неверојатна кражба во Белград: Шеесетгодишник украл скулптура на делфин вредна 15.000 евра и ја ставил во својот двор

79

Третото основно јавно обвинителство Белград поднесе обвинителен акт против обвинетиот В.М.(60) поради сомнение дека сторил кривично дело во Нов Белград на улица Старо Сајмиште бр. 28, одзел вредна скулптура и со тоа сторил кривично дело тешка кражба, пренесува Телеграф.

Тој е осомничен дека на 1 јули 2024 година од 17 до 18 часот од италијанскиот павилјон украл скулптура на делфин вредна околу 15.000 евра, која претставува културен имот и имот на оштетениот К.С.

Осомничениот влегол во фоајето на павилјонот, се доближил до просторот каде што била изложена скулптурата на делфинот и со помош на пријател ја украл, ја ставил во задниот дел од комбето и ја однел во Старе Бановци, каде ја сместил во својот двор.

Тешка кражба се казнува со затвор од две до десет години.

ИЗДВОЕНИ