Словенецот Домен Превц го собори светскиот рекорд во скијачки скокови на последното натпреварување во Светскиот куп сезонава што се одржа на Планица.
Превц во втората серија оствари скок од 254,5 метри. Тој го собори претходниот рекорд од 253,5 метри, кој го постави Австриецот Стефан Крафт во март 2017 година во Викерсунд, Норвешка.
Превц го освои второто место во генералниот пласман на Планица со 475 бодови, откако во првата серија забележа скок од 245 метри.
Првото место го освои Словенецот Анже Ланишек, кој со скокови од 247,5 и 241,5 метри собра 482,1 бода. Третото место на подиумот го зазеде Германецот Андреас Велингер со скокови од 236,5 метри и вкупно 455,8 бода.