Неверојатен медицински подвиг: Лекари успеале да одржат срце во живот надвор од телото рекордни 12 часа

97

Универзитетската болница во Берн објави дека лекарите успеале да одржат живо срце надвор од човечкото тело рекордни 12 часа пред успешно да се изврши трансплантацијата.

Според болницата, лошото време го спречило срцето со авион да стигне до болницата за трансплантација, па со автомобил било пренесено во друга болница.

Пациентот кој го прими срцето е во многу добра состојба по трансплантацијата, пренесува Swiss Info.

„Способноста да се задржи срцето да чука надвор од телото долго време без оштетување е апсолутна промена на играта за швајцарската медицина за трансплантација“, рече Дејвид Рајнеке, шеф на кардиохирургија во болницата.

Тој додава дека по воведувањето на ex vivo перфузијата, времето на чекање за соодветен орган било скратено за една третина, а бројот на пациенти кои примале орган се удвоил за многу кратко време.

За време на ex vivo перфузијата, органите надвор од телото се перфузираат со раствор кој содржи хранливи материи, кислород и лекови неопходни за одржување на органите во оптимална состојба.

Претходно, органите на донаторот беа исклучени од крвотокот и исплакнати за време на отстранувањето, а потоа се чуваа во транспортни кутии исполнети со мраз, што го одржуваше срцето во живот максимум четири часа.

ИЗДВОЕНИ