На социјалните мрежи се појави снимка од надзорна камера на која жена ползи под новите електронски порти и им избега од вниманието на безбедносните службеници на белградскиот аеродром.
Необичен безбедносен инцидент се случил на аеродромот Никола Тесла во средата, на 8 јануари, кога една српска државјанка дошла до авионот на „Визер“ кој се подготвувал за лет за Малта и се обидела да се качи без билет за патување и патни документи. Таа претходно беше депортирана од Франција, а по слетувањето беше преземена од службеници на копнената служба на аеродромот.
Evo kako je žena o kojoj sam pisao pre neki dan prošla sve bezbednosne prepreke na Aerodromu Beograd a potom dospela čak do platforme i aviona Wizzaira u koji je pokušala da se ukrca. Velik blam za sve aerodromske službe zajedno.✈️ pic.twitter.com/ELkodDfoGW
— Peđa Vučetić (@Pedjijatar) January 12, 2025
Иако никој од белградскиот аеродром, српското Министерство за внатрешни работи или Управата за цивилно воздухопловство се уште не се огласил за овој инцидент, познато е дека оваа личност го искористила моментот кога останала без надзор и ја напуштила просторијата во која престојувала. Таа потоа се вовлекла под електронските порти на влезовите и продолжила да лази под линијата за да влезе во државата, а подоцна се лизнала низ контролата, која во тој момент не работела.