НЕТРПЕНИЕТО РАСТЕ! Новиот iPhone 16 ќе биде претставен вечерва

724
Фото: Apple

Светот со нетрпение го очекува вечерашниот настан на Apple наречен „It’s Glowtime“, каде ќе бидат претставени најновите уреди, како и новиот iOS 18, кој носи нова интелигенција на Apple.

Најновата серија на паметни телефони на Apple iPhone 16 е нешто што се очекува со нетрпение. Според гласините, iPhone 16 ќе доаѓа со нов чип А-18 и 8 GB RAM за поддршка на Apple Intelligence, вештачката интелигенција што компанијата ја развива за интеграција на своите уреди со најновиот iOS 18.

Новите модели носат и поголеми екрани, копче за акција на страната на уредот (наместо копче за исклучување на тоновите), кое ќе се користи за стартување на една од апликациите или започнување на одредена акција на уредот.

Промените во однос на главниот модул на камерата најверојатно ќе бидат за уреди со две камери, како што беше кај уредите од серијата iPhone 11 или iPhone X. Подобрувањето доаѓа и кај самите камери, блендата на камерата е уште поголема за уште подобар квалитет на фотографии направени при слаба осветленост.

За да се спречи прегревање на уредот, батериите добиваат метално куќиште, но во зависност од моделот помал/поголем капацитет во однос на iPhone 15.

Покрај најновите серии на iPhone 16, на денешниот настан се очекува и претставување на слушалките Air Pods 4, Apple часовниците Серија 10, SE и Ultra 3-та генерација.

iOS 18 носи голем број визуелни подобрувања, како и оперативни неопходни за работата на уредот и полесно извршување на задачите. Сепак, најголемата иновација и промена е, како што веќе рековме, Apple Intelligence.