Нетрпеливоста на Трамп е опасна за Украина и Европа, сметаат аналитичарите

955

Изјавите на Владимир Путин за американскиот план за прекин на огнот се „ветувачки“, но нецелосни, рече американскиот претседател Доналд Трамп, откако рускиот претседател сугерираше дека има „прашања“ за предлозите.

Одговорот на Владимир Путин на предлогот за прекин на огнот не е изненадувачки, се согласуваат аналитичарите на Sky News.

„Ова е начинот на кој Русите секогаш дејствуваат. Тие мислат дека добро им оди во војна и сега веруваат дека имаат контрола над дипломатијата“, вели аналитичарот за безбедност и одбрана Мајкл Кларк.

Тој нагласи дека клучното прашање е до каде може Русија да го притисне Доналд Трамп.

„Опасноста за Европа е дека Трамп ќе биде толку нестрплив да постигне договор што ќе ја притисне Украина на отстапки околу навистина важните работи“, рече тој.

Тој додаде дека САД сега покажале како можат да користат разузнавачки информации како алатка за притисок, вклучително и привремено суспендирање и повторно активирање. „Ова ја остава Украина во многу тешка ситуација“, заклучи Кларк.

Дали Трамп ќе ги прифати барањата на Путин?

Европските стравови за желбата на Трамп да се прикаже себеси како миротворец се засноваат на загриженоста дека тој би можел да се согласи со барањата на Путин без јасни безбедносни гаранции.

Американскиот дописник na Sky News, Марк Стоун истакна дека Трамп веќе покажал дека ја држи Украина во незавидна позиција, со тоа што претходно ја прекина воената и безбедносната помош.

Претставникот на Трамп, Стив Виткоф, моментално е во Москва каде се очекува да разговара со Путин, а Стоун не ја исклучува можноста Трамп да се вклучи во преговорите преку телефонски повик.

ИЗДВОЕНИ