Нетанјаху во денешниот телефонски разговор со Макрон: Создавањето палестинска држава би била огромна награда за тероризмот

108
epa11767048 Israeli Prime Minister Benjamin Netanyahu speaks during a press conference in Jerusalem, 09 December 2024. EPA-EFE/MAYA ALLERUZZO / POOL POOL PHOTO

Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху изјави дека во денешниот телефонски разговор со францускиот претседател Емануел Макрон, оценил дека создавањето на палестинска држава ќе претставува „огромна награда за тероризмот“ и ќе доведе до постоење на ентитет управуван од екстремисти, на само неколку километри од израелските градови.

Макрон рече дека за време на разговорот повикал на нов прекин на огнот, ослободување на заложниците и продолжување на испораката на хуманитарна помош во Појасот Газа, што Израел го спречува повеќе од еден месец.

Минатата недела Макрон рече дека Париз треба да има за цел да ја признае палестинската држава до јуни, кога Франција и Саудиска Арабија ќе бидат домаќини на меѓународна конференција за спроведување на решение за две држави за Палестина и Израел.

Неколку европски земји неодамна ја признаа палестинската држава, симболичен потег чија цел е обновување на мировниот процес, според АП.

ИЗДВОЕНИ