Нетанјаху работи од „обезбеден подрум“ во Ерусалим по нападот на неговиот дом

107
EPA-EFE/DEBBIE HILL

Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху, од октомври ја извршува целата своја работа од „обезбедениот подрум“ во Ерусалим, кога неговата куќа беше нападната од дрон, тврди „Џерусалим пост“, повикувајќи се на телевизија N12.

Според овој израелски медиум, Нетанјаху добил конкретни инструкции од своите советници за безбедност „да не останува предолго на едно место“. Исто така, неговите колеги го советувале сите состаноци и други работи да ги води во „обезбедениот подрум“ во зградата на премиерот на Израел во Ерусалим. Тој ги доби овие упатства откако во октомври беше извршен напад со дрон врз неговата куќа во крајбрежниот израелски град Цезареја.

Исто така, како што пишува Jerusalem Post, Нетанјаху најверојатно ќе побара од својот син Авнер да ја одложи неговата венчавка, која исто така „може да биде цел“ според безбедносните експерти во тимот на израелскиот премиер.

ИЗДВОЕНИ