Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху, кој е во посета на САД, му подари на американскиот претседател Доналд Трамп, златен и обичен пејџер, објави израелскиот Канал 12.
Тоа е симболичен подарок со кој се алудира на тајната операција што ја десеткуваше милитантната група Хезболах за која Трамп рече дека била одлична операција. Таа се реализираше во септември минатата година, кога илјадници пејџери што ги користеа оперативците на Хезболах ненадејно експлодираа низ Либан, убивајќи и ранувајќи десетици луѓе. Еден ден подоцна, исто така експлодираа стотици воки-токи, убивајќи и ранувајќи многу други луѓе. Овие напади му беа припишани на Израел.
За возврат, американскиот претседател му подари на Нетанјаху фотографија од нив двајца, на која пишува „На Биби, големиот лидер“.
Инаку, Трамп вчера воведе санкции против Меѓународниот кривичен суд, кој има издадено налог за апсење на Нетанјаху.