Нетанјаху изрази надеж дека Трамп ќе се согласи да ги олесни царините за Израел

30

Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху денеска изрази надеж дека американскиот претседател Доналд Трамп ќе се согласи да ги олесни тарифите наметнати на Израел кога двајцата ќе се сретнат во Вашингтон оваа недела.

Нетанјаху рече дека неговите разговори со Трамп ќе го опфатат проблемот со израелските заложници се уште во Газа, прашањето за постигнување победа во војната на окупираната палестинска територија и царинскиот режим за Израел, пренесува Ројтерс.

„Јас сум првиот странски лидер што разговарал со претседателот Трамп за прашањето за новите царини, што е многу важно за израелската економија. Има долга листа на светски лидери кои сакаат да го направат тоа, но мислам дека јас што сум првиот го одразува нашиот посебен личен однос, како и специјалниот однос меѓу САД и Израел, кој е многу важен во овој момент“, рече Нетанјаху.

Според новата сеопфатна царинска политика воведена од администрацијата на Трамп, израелските стоки ќе подлежат на царини со стапка од 17 проценти.

Нетанјаху, кој последните денови ги помина во посета на Унгарија, денеска ќе замине за САД, земјата која е најблискиот сојузник на Израел и единствениот најголем трговски партнер, пренесува Танјуг.

ИЗДВОЕНИ