Нетанјаху го испраќа шефот на Мосад во Доха за да преговара за заложниците на Хамас

14
EPA-EFE/ATEF SAFADI

Кабинетот на израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху соопшти тој одлучил да испрати делегација на високо ниво во Катар за зајакнување на напорите за склучување договор за прекин на огнот и заложниците со палестинската група Хамас.

Во тимот ќе бидат шефот на Мосад, Давид Барнеа, директорот на Шин Бет, Рон Бар, одговорниот за заложници во ИДФ генерал-мајор Ницан Алон и политичкиот советник на Нетанјаху, Офир Фалк.

Одлуката е донесена откако Нетанјаху одржа проценка на ситуацијата за тековните разговори за заложниците. На состанокот му се придружија министерот за одбрана Израел Кац, шефовите за безбедност на Израел и претставници од администрацијата на Бајден и администрацијата на Трамп.

Тој претходно во Ерусалим се состана со претстојниот американски пратеник на Трамп за Блискиот Исток Стив Виткоф.

ИЗДВОЕНИ