Нетанјаху ги повика Либанците да бегаат

53

Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху им порача на либанските цивили оваа вечер сериозно да ги сфатат повиците да се евакуираат од своите домови.

„Израел не е во војна со вас. Со Хезболах тоа е“, рече Нетанјаху во видео порака додека израелските воени авиони продолжуваат да напаѓаат цели на Хезболах во јужен и источен Либан, пренесуваат агенциите и израелските медиуми.

„Предолго Хезболах ве користеше како жив штит. Тој стави ракети во вашите дневни соби и проектили во вашата гаража. Тие ракети и проектили се насочени директно кон нашите градови, директно кон нашите граѓани. За да го одбраниме нашиот народ од нападот на Хезболах, мораме да го уништиме тоа оружје“, рече израелскиот лидер по кого Меѓународниот кривичен суд издаде налог за апсење.

Тој додаде дека од утрово израелската армија ги предупредува либанските цивили да се евакуираат.

„Апелирам сериозно да го сфатите тоа предупредување. Не дозволувајте Хезболах да ги загрозува вашите животи и животите на вашите најблиски. Не дозволувајте Хезболах да му се заканува на Либан“, рече Нетанјаху и најави дека либанските цивили ќе се вратат дома кога операцијата ќе заврши.