
Мал полициски авион се урна во близина на популално летувалиште во Тајланд, каде што загинаа пет од шест лица во леталото, соопштија утринава тамошните власти, пренесуваат агенциите.
Авионот бил на пробен лет во подготовка за падобрански тренинг во областа Хиа Хин, пред да се урне во осум часот по локално време, изјави портпаролот на тајландската полиција Аршајон Краитонг.
Властите не известија веднаш за кој модел на авион станува збор, но според снимките се чини дека тоа е двомоторен авиот „Викинф ДХЦ-6 Твин отер“.
Авионот се урна во близина на аеродромот Хуа Хин, наведоа властите.
Снимките го прикажуваат авионот во морето на околу 100 метри од брегот, а неговиот труп се чини преполовен на два дела.
Во леталото имало шест лица, сите се полицајци, изјави портпаролот.
Властите почнаа со истражување на црната кутија, со цел да се утврди причината за падот на малиот авион.
Снимките објавени на социјалните мреќи прикажуваат дека авионот имал спирален пад, пред да падне во морето, како и луѓе кои се обидуваат да дојдат до местото на несреќата.