Мотоциклист се здобил со тешки телесни повреди попладнево во Кавадарци, информацијата за МИА ја потврди доктор Антоан Паракеов, раководител на Итната медицинска помош.
– Според првичните информации од лице место, на булеварот меѓу основното општинско училиште „Гоце Делчев“ и новата црква „Света Петка“, дошло до судир помеѓу автобус и мотоцикл со поголема моќност. Повреден беше мотоциклистот. Со тешки телесни повреди, откако му укажавме првична медицинска помош, најпрво беше пренесен до Општа болница – Кавадарци, па препратен на скопските клиники, појасни докторот.
Повредениот мотоциклист e роден 1987 година.