Екипата на Хапоел Тел Авив го суспендираше американскиот кошаркар Патрик Беверли. Од тимот соопштија дека Беверли ќе биде суспендиран додека клубот не одлучи повторно да го врати во ростерот.
- Клубот го суспендираше играчот Патрик Беверли до понатамошно известување, се вели во кусото соопштение, без да се објасни што точно довело до тоа.
Беверли (36) играше во НБА од 2013 до 2024 година, за Хјустон, Лос Анџелес Клиперс, Минесота, Лос Анџелес Лејкерс, Чикаго, Филаделфија и Милвоки, а во израелскиот клуб пристигна на почетокот на оваа сезона.
Инаку, ова е втор голем инцидент во Хапоел оваа сезона, откако претходно проблеми правеше Џонатан Мотли кој сакаше да го напушти клубот и покрај важечкиот договор, но на крајот двете страни најдоа заеднички јазик. Факт е дека нешто чудно се случува во израелскиот тим.