Нервозниот Трамп е целосно надвор од контрола, неговите советници го молат да се смири!

1127

Кандидатот на Републиканската партија за претседател на САД, Доналд Трамп е лошо расположен, па во последните неколку недели во приватни разговори постојано ја нарекуваше кучка демократската противкандидатка Камала Харис, објави Њујорк Тајмс. Неговите соработници тоа го негираат. Трамп и претходно лошо се изразување за американската потпретседателка, како и за поранешната демократска кандидатка Хилари Клинтон – кои ги нарече ѓубриња.

Неговиот став кон жените е нашироко познат уште од 2016 година, кога беше објавено видео во кое тој вели дека жените се грабаат за „онаа работа“. Тој ја навреди Карли Фиорина, ривалка за републиканската номинација во 2015 година, поради нејзиниот изглед. Авторката Е.Џин Керол, која го тужела заради силување во кабина на стоковна куќа, ја нарекол лудачка.

Советниците на Трамп, во доверливите разговори со новинарите, ќе признаат дека неговиот мизогински јазик е длабоко проблематичен. Се повеќе републиканци бараат тој да престане да ја навредува Камала Харис и воопшто да се воздржува од навреди. Ваквата реторика во последната кампања избрка многу гласачи, па сакаат да се задржат на темата економија и миграција.

Тој е особено нервозен бидејќи анкетите покажуваат дека Камала Харис води во неколку држави кои се очекува да одлучат за изборите на 5 ноември. „Слушнав дека е гадна личност“, рече Трамп за својата политичка ривалка во телефонски разговор со „Фокс и пријателите“. Пред некој ден беше објавено дека во кампањата за собирање пари од донаторите, тој ја обвини Камала Харис дека сака да го забрани Божиќ.

Прво тврдеше дека го победил Џо Бајден, „најлошиот претседател во историјата на нашата земја“, но демократите одлучија тој да не биде нивен кандидат „па направија државен удар“. Сега ја имаме Камала, а таа „ќе пропадне затоа што сака отворени граници и не сака Среќен Божиќ“. Баш денес слушнав дека е голем љубител на борбата против Божиќ. Не, ќе имаме среќен Божиќ, како што вративме за сите пред седум години – го вративме, имаше големи проблеми, но го вративме“, рече Трамп во видеото објавено на 11 август.

Опсегот е широк, од тврдењето дека дури сега се сети дека има индиско потекло, до фактот дека лажира снимки од нејзините митинзи со помош на вештачка интелигенција, за да изгледа дека се помасивни отколку што навистина се. Тоа е всушност првата лага што Трамп ја лансираше за време на неговото претседателствување – Трамп на првиот ден на функцијата го испрати својот портпарол Шон Спајсер да извести дека неговата инаугурација има повеќе луѓе од која било досега. Но, многу повеќе луѓе присуствуваа на инаугурацијата на Барак Обама во 2009 година, пишува порталот Салон. Така Трамп ја напушти Белата куќа, тврдејќи дека тој, а не Бајден е победник на изборите во 2020 година, а деновиве посочува дека го поддржуваат 90 отсто од луѓето.

Постојаните напади на Трамп врз Камала Харис ги подгреваат стравувањата дека тој го подготвува теренот за да може да го доведе во прашање исходот од изборите доколку загуби, пренесува Си-Ен-Ен. Демократскиот национален комитет официјално објави минатата недела: со 99 отсто поддршка, Камала Харис е претседателски кандидат на партијата. Но, Трамп се повеќе напаѓа, соочен со многу потесна трка отколку што очекуваше во случајот со кандидатурата на Џо Бајден.