Најсилниот дожд во последните 50 години, кој ја погоди Сахара, ја претвори пустината во сина лагуна. Како што може да се види на видеата и фотографиите кои ги преплавија социјалните мрежи, во Југоисточно Мароко има повеќе вода отколку децении наназад.
Ова место во Западна Сахара е едно од најсувите и ретко врне, а сега мароканската влада објави дека два дена врнежи во септември ги надминале годишните просеци во неколку области каде што се забележуваат помалку од 250 милиметри годишно, вклучувајќи ја и Тата, една од најтешко погодените области.
Фотографии направени по најголемиот дожд во последните неколку години пристигнуваат од Мароко.
Floods hit… the SAHARA! The desert is struck by its biggest deluge of rain in decades, with water filling Lake Iriqui in Morocco that had been dry for 50 years. pic.twitter.com/yUBiJfVhn4
— Denn Dunham (@DennD68) October 10, 2024
Врнежите предизвикаа поплави, а езерото кое пресуши пред половина век се наполни со вода, пренесува „Дејли мејл“.
„Поминаа 30 до 50 години откако имавме толкав дожд за толку краток временски период“, рече Хусеин Јуабеб од Генералниот директорат за метеорологија на Мароко.
Песокот не можеше да прими големи количини на врнежи, па дождот остави сини водени лагуни меѓу палмите и дините на Сахара.
Во Тагунит, село на околу 450 километри јужно од главниот град Рабат, забележани се повеќе од 100 милиметри дожд во период од 24 часа. Сателитите на НАСА покажаа како вода тече во езерото Ирикуи, познатото езеро меѓу Загора и Тата кое пресушило пред 50 години.
Во пустинските заедници посетени од туристи, возила со погон на четири тркала се пробиваа низ бари, додека локалните жители ја следеа глетката со чудење додека врнеше за прв пат по шест години.
Овие дождови, кои метеоролозите ги нарекуваат екстратропска бура, би можеле да го променат текот на времето во регионот во месеците и годините што доаѓаат, бидејќи воздухот задржува повеќе влага, предизвикувајќи повеќе испарување и привлекува повеќе бури.
Rare rainfall caused flooding in the Sahara desert, nourishing some of its most drought-stricken regions with more water than many had seen in decades.
Experts say this could profoundly alter weather forecasts in the future. pic.twitter.com/k6M1WuGfPV
— The Associated Press (@AP) October 8, 2024