Неразјаснета трагедија: Младич кој со семејството дошол на одмор во Анталија, пронајден e мртов во хотелскиот лифт

127

Тајлер Кери (20), работник од Басилдон, Есекс, бил пронајден мртов во петокот во хотел во кој престојувал во Анталија, Турција, каде бил на одмор со семејството.

Неговиот вујко Алекс Прајс рече дека Тајлер бил пронајден во 7 часот по локално време (4 часот наутро по британско време).

„Добив повик од сестра ми, која ми кажа дека го нашле Тајлер во окното на лифтот во хотелот“, рече Прајс.

„Брзата помош се обидела да го реанимира, но за жал не успеале и на местото на настанот била констатирана смрт. Семејството се уште не знае што точно се случило“, додаде тој.

Неговото тело се очекува да биде пренесено во Велика Британија до вторник.

Портпаролот на МНР изјави дека му помагаат на семејството на британскиот државјанин кој почина во Турција.