Зверев во Минхен го совлада Талон Грикспур, со малку мака со 2-1 (6:7, 7:6, 6:4) и се пласира во полуфиналето каде оваа сабота ќе се сретне со Фабијан Маросан. Натпреварот против Холанѓанецот го одбележа неспортски инцидент.
Имено, во единаесеттиот гем од вториот сет, многу чувствителен момент за него бидејќи веќе бркаше сет негатива, Германецот доби извици од трибините кои не ги очекуваше.
Додека се подготвуваше за сервирање, некој извика на германски „Ајде, тепачу на жени“, по што застана и се сврте кон судијата со барање да го исфрли лицето од трибините.
Fan yells at Zverev "Let's go you woman beater" pic.twitter.com/VrbuMO4PzM
— asud (@asud683385) April 18, 2025
Ова беше навреда што се однесува на претходните наводи за семејна злоупотреба против него, изнесени од неговата поранешна партнерка Бренда Патеа и мајката на нивното дете, по наводна расправија во мај 2020 година.
Организаторите на турнирот го потврдија исфрлањето на гледачот по инцидентот и тука беше крајот, а Зверев гласно ја прослави победата на крајот од мечот.
Во коментарите по натпреварот, Зверев го минимизираше инцидентот, нарекувајќи го малтретирање од малцинство и изразувајќи благодарност за поддршката од поголемиот дел од публиката.
Ова не е прв пат Зверев да се соочи со негодувања во јавноста во врска со овие наводи. Претходно оваа година, за време на финалето на Австралија опен, гледач ја прекина церемонијата на трофејот извикувајќи поддршка за обвинувањата на Зверев. Зверев се осврна на инцидентот, велејќи дека верува дека нема повеќе обвиненија и изразил желба да не се зборува на таа тема.