Непозната зараза усмртила повеќе од 50 луѓе во Конго – смртта настапува по 48 часа од првите симптоми! Се огласи и СЗО

13

Непозната болест усмрти повеќе од 50 луѓе во северозападниот дел на Конго, објавија во понеделник лекарите на терен и Светската здравствена организација (СЗО), пренесува денеска АП.

Интервалот помеѓу почетокот на симптомите и смртта во повеќето случаи беше 48 часа и „тоа е она што навистина загрижува“, изјави за Асошиејтед прес Серж Нгалебато, медицински директор на болницата Бикоро, регионалниот центар за мониторинг.

Последната епидемија на болеста во Демократска Република Конго започна на 21 јануари, а беа регистрирани 419 случаи, вклучувајќи 53 смртни случаи.

Според африканската канцеларија на СЗО, првата епидемија во градот Болоко започнала откако три деца изеле лилјак и умреле во рок од 48 часа откако развиле симптоми на хеморагична треска.

Долго време постои загриженост дека болестите се пренесуваат од животните на луѓето на места каде што се користи месо од диви животни во исхраната. Бројот на вакви епидемии во Африка е зголемен за повеќе од 60 отсто во последната деценија, објави СЗО во 2022 година.

Откако на 9 февруари започна втората епидемија на сегашната мистериозна болест во градот Бомате, примероци од 13 случаи беа испратени на тестирање во Националниот институт за биомедицински истражувања во главниот град на Конго, Киншаса, соопшти СЗО.

Сите примероци беа негативни за ебола или други вообичаени болести со хеморагична треска, како што е Марбург, а некои беа позитивни на маларија.

Минатата година, уште една мистериозна болест слична на грип, која уби десетици луѓе во друг дел на Конго, беше откриено дека најверојатно е маларија, според АП.

ИЗДВОЕНИ