Неопходно е средбата Путин – Трамп да се одржи што поскоро!

277
EPA-EFE/YURI KOCHETKOV

Кремљ денеска објави дека би сакале средбата меѓу рускиот претседател Владимир Путин и неговиот американски колега Доналд Трамп да се одржи  „многу наскоро“, истакнувајќи дека освен за Украина, би сакале да разговараат и за безбедноста во Европа и за загриженоста на Москва.

Путин и Трамп вчера разговараа телефонски и се договорија „веднаш“ да почнат преговори за прекин на руската офанзива во Украина, започната во 2022 година.

Двајцата лидери рекоа дека се подготвени да се сретнат лично, на состанокот за кој Трамп рече дека треба да се одржи во Саудиска Арабија.

„Секако дека е неопходно оваа средба да се одржи многу брзо, шефовите на држави имаат многу да си кажат“, изјави денеска за новинарите портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков.

Песков истакна дека има бројни теми на агендата и додаде дека Москва би сакала, покрај Украина, да има и длабинска дискусија за безбедноста на европскиот континент како целина, како и за безбедносните грижи на Русија.

Песков посочи дека администрацијата на американскиот претседател Доналд Трамп, за разлика од администрацијата на неговиот претходник Џо Бајден, смета дека треба да се направи се за да се запре војната и да се остави мирот да надвладее.

„Отворени сме за дијалог“, додаде Песков.

ИЗДВОЕНИ