Неофицијално, едно дете починало по нападот со нож во загрепското училиште

79

Според неофицијални информации, едно дете загина, а осум лица се повредени во нападот во загрепското основно училиште Пречко. Премиерот на Хрватска Андреј Пленковиќ, рече дека е згрозен и изрази сочувство и жалење до семејствата на повредените деца.

„Ние, како и целата хрватска јавност, сме згрозени од оваа голема трагедија што се случи утрово во основното училиште „Пречко“ во Загреб. Таму се министрите (Давор) Божиновиќ и (Радован) Фукс, тие, како и полицијата и сите други служби, се обидуваат да утврдат што точно се случило во овој голем инцидент“, рече Пленковиќ на почетокот на седницата на Владата.

Неколку ученици, додаде, се згрижени во неколку загрепски болници – во КБЦ Загреб, Виноградска, Свети Духу и Клаиќева, а, како што најави, ќе ги посети министерката за здравство Ирена Хрстиќ.

„Штом ќе имаме повеќе информации, секако дека јавноста ќе биде информирана за тоа. Изразуваме жалење и сочувство до семејствата на повредените деца“, рече премиерот.

Според неофицијални информации осуммина се повредени, меѓу кои и едно починато дете.

Напад со нож во училиште во Загреб: Повредени се наставничка и неколку ученици

ИЗДВОЕНИ