Неочекувана трагедија: Основачот на познатиот моден бренд „Манго“ загина во страшна несреќа

134

Милијардерот Исак Андич, милијардерот, основач на познатиот моден бренд Манго, почина денеска во „несреќа“, соопшти компанијата.

Шпанските медиуми објавија дека 71-годишникот паднал од карпа и починал додека планинарел во планински венец недалеку од Барселона.

Најбогатиот човек во Каталонија загина кога падна во провалија покрај патот во близина на пештерите Салнитра. Беше страствен планинар.

Неговиот син бил на местото на несреќата, како и неколку други членови на семејството.

Бизнисменot со турско потекло го основа модниот бренд „Манго“ во Барселона во 1984 година, а синџирот сега работи во 120 земји.

Форбс ја процени нето вредноста на Андич на 4,5 милијарди долари.