Необична глетка што предизвикува загриженост: Водата во река во предградие на Буенос Аирес доби црвена боја

46
Фото: EPA-EFE/STRINGER

Реката Саранди во предградието на Буенос Аирес, која се влева во Рио де ла Плата, наеднаш ја промени бојата во црвена, предизвикувајќи загриженост кај локалните жители, објави Sky News.

Снимките и фотографиите од промената на бојата на реката покажаа ненадејна промена, а жителите велат дека се плашат од можна контаминација.

Еден од мештаните рекол дека бојата на реката е сива и зелена и виолетова, а друг мештани рекол дека еден ден жолт слој ја прекрил површината на реката и дека има кисел мирис.

Локалните власти пристигнале на лице место и земале примероци од црвената вода за анализа, пренесува Танјуг.

Од Министерството за заштита на животната средина потврдија дека ќе се тестираат примероци за да се утврди причината за промената на бојата на водата.

ИЗДВОЕНИ