Готвачот и сопственик на „Мишелин ѕвезда“, Томи Бенкс, апелираше до крадците кои му го украле камионот од 2.500 пити да го вратат за да можат питите да им бидат поделени на оние на кои им е потребна.
Бенкс, кој е сопственик на два ресторани и паб во Северен Јоркшир, објави на Инстаграм дека неговиот камион за пити, вреден вкупно 30.000 евра, бил украден од деловен паркинг во Мелмерби, во близина на Рипон во близина на Јорк, вчераутро. Камионот бил на пат да испорача стока на пазар во Јорк, но исчезнал пред да стигне до својата дестинација.
Содржината на ладилникот требало да биде доставена до штанд за пити на божикниот пазар во Јорк, но вработените откриле дека комбето исчезнало во понеделник наутро.
Тој ги повика крадците да ги остават питите во општински центар или пред народната кујна.
View this post on Instagram
„Украдените намирници, а меѓу нив беа пити од разни видови месо, со пиво, од брусница или тиквички, би биле доволни да ја снабдат Tommy’s Pie Shop за една седмица“, вели очајниот готвач.
„Знам дека питите сега ги нема и очигледно нема да ги вратиме за да ги продадеме. Претпоставувам дека крадците не знаеле дека украле 2.500 пити заедно со комбето! Сите тие се во кутии со моето име на нив, па нема да им биде лесно да ги продадат“, додава Бенкс.
„Знам дека сте криминалци, но можеби би можеле да направите нешто убаво затоа што е Божик и можеби заедно би можеле да нахраниме неколку илјади кои имаат потреба…, направете ја вистинската работа, не дозволувајте храната да се фрли. Тоа би била вистинска штета“.
Во видеото, Бенкс побара од сите на коишто некој ќе се обида да им ги продаде питите а не е самиот тој да пријават во полиција.
Полицијата во Северен Јоркшир соопшти дека биле информирани за кражбата и побарале од сите што имаат какви и да се информации да контактираат со нив.