Необезбедени градилишта демнат на секој агол

69

Сè почесто гледаме неорганизирани и небезбедни градилишта каде што владее општ хаос, опасност од повреди, застој во изведувањето на работите, опасност од пожари, застој во функционирањето на сообраќајот и на околниот простор. Типичен пример е градилиштето на улицата „50 Дивизија“ на влезот на Клиничкиот центар „Мајка Тереза“ од страната на капелата. Во ископаната огромна дупка се почнати градежни активности. Тротоарот  на улицата е покриен со земја од направениот ископ, што го попречува нормалното движење на пешаците. Се гради објект, но од она што може да се види, градилиштето не е соодветно оградено и обезбедено. Наместо лимени табли, просторот е заграден со зелена мрежа која на места е и падната. Според Законот за градење, пред почетокот на изведувањето на земјените работи на градежната парцела, инвеститорот е должен да обезбеди обележување на проектираната градба на терен, со соодветни знаци, во спротивно се предвидуваат високи казни

 

Скопје е елдорадо за градење, но многу малку се посветува потребното внимание на речиси секое градилиште во земјава, особено на локациите со тесни грла или на локации со целосна околна изграденост. Затоа, сè почесто гледаме неорганизирани и небезбедни градилишта каде што владее општ хаос, опасност од повреди, застој во изведувањето на работите, опасност од пожари, застој во функционирањето на сообраќајот и на околниот простор.

Една од темелните фази при изградба на објектите е добрата организација и изработка на шемата на градилиштето, но инвеститорите, проектантите, ревидентите, изведувачите, надзорот и инспекциските служби како да забораваат да ги исполнат своите професионални и законски обврски. Ретко се монтираат заштитни оплати за минувачите и за соседните објекти или соодветни заштитни скелиња за работниците и техничкиот персонал на објектот.

Посебна приказна е транспортот на градежните материјали, особено при транспортот на бетон, цемент, вар, разни малтери, земја, песок и чакал, кога од пумпите за бетон, миксерите за бетон и камионите се истураат многу од набројаните материјали, кои потоа не се чистат и се разнесуваат во околните објекти или преку воздухот се пренесуваат и во подалечната околина.

За чистење и миење на транспортните средства ретко се преземаат активности. Неретко на градилиштата се среќаваат импровизирани електрични приклучоци, кои се потенцијална опасност за вработените и минувачите. Исто така, на повеќето градилишта не се почитува обврската за носење лична заштитна опрема, а нема ниту соодветни информациони табли за градилиштето. Сите овие пропусти и недостатоци придонесуваат за поскапа градба и небезбедна организација на градилиштата, која пак доведува градежната индустрија да биде при врвот по повредени и починати работници, за што одговорност речиси никој и не презема.

Типичен пример на вакво градилиште е она на улицата „50. Дивизија“ на влезот на Клиничкиот центар „Мајка Тереза“ од страната на капелата. Во ископаната огромна дупка се почнати градежни активности. Тротоарот  на улицата е покриен со земја од направениот ископ, што го попречува нормалното движење на пешаците. Се гради објект, но од она што може да се види, градилиштето не е соодветно оградено и обезбедено. Наместо лимени табли, просторот е заграден со зелена мрежа која на места е и падната.

Дека инвеститорите не ги почитуваат градежните правила и прописи, како и правилата при градење говори и случајот кога поради непочитување на градежните и безбедносните процедури при градба на зграда, лани пропадна улицата „9 Мај“, зад Универзална сала. На тој начин инвеститорот ги доведе во опасност пешаците, а на соседните објекти им отвори дупки во подрумите, страв и несигурност.

Од градилиштето за зградата беше блокирана половина улица, затоа што беше заградена со лимени табли. Делот од улицата кој беше влезен во градилиштето беше пропаднат, а земјата под асфалтот се свлекуваше. Поради тоа, инвеститорот доби казни од 12.500 евра. Ова градилиште неколку пати беше затворено од градежната инспекција, но инвеститорот на своја рака ги отстрануваше заштитните инспекциски ленти и продолжуваше со градење, не земајќи ги предвид законските одредби и решенијата од инспекцијата.

И не е само тоа, повеќе пати, од страна на Општина Центар беше интервенирано и на градилиштето кај некогашно „Беко“ или ТЦЦ Плаза, каде и покрај тоа што се градеше без дозвола, градежните материјали се оставаа на самата улица. Не само што не се обезбедени градилиштата, не се води сметка ниту за камионите кои излегуваат од нив со правливи и калливи тркала со кои правта и калта ја оставаат на улиците. Наместо тркалата од возилата да се измијат на излезот од градилиштето, тие се пуштаат валкани, иако тоа е недозволиво, бидејќи правта потоа ја дишеме сите ние.

Ништо од тоа не се почитува и покрај тоа што убаво е пропишано во законите за градење и за јавна чистота.

Според член 82 од Законот за градење, пред почетокот на изведувањето на земјаните работи на градежната парцела, инвеститор е должен да обезбеди обележување на проектираната градба на терен, со соодветни знаци. Според член 83 од Законот за градење, изведувачот е должен градилиштето да го загради заради спречување на неконтролиран пристап во него со соодветна ограда на начин што работата во градилиштето нема да ги загрози минувачите. Исто така, градилиштето мора да биде означено со информативна табла која задолжително треба да содржи име, односно назив на учесниците во изградбата, назив и вид на градбата која се гради, надлежниот орган, број и датум на издаденото одобрение за градење, како и назнаката дека се работи за заштитено недвижно културно наследство согласно со закон, ако таа градба е запишана во Националниот регистар на културно наследство.

Со овие закони пропишани се и казните за непочитување на одредбите во нив. Така, во Законот за градење е предвидена глоба во износ од 6.000 до 9.000 евра во денарска противвредност на правно лице изведувач, ако на градилиштето не спроведува мерки за заштита и сигурност согласно со закон, не определи инженер за изведба на градилиште%D